Познати

Меган Маркл ги кани обожавателките на „женски викенд“ во Австралија

Меган Маркл ги кани обожавателките на „женски викенд како ниеден друг“ во Австралија следниот месец. За настанот, имено, таа ветува „инспиративни разговори“ и „малку магија“ меѓу 17. и 19 април. Според наводите, сѐ тоа вклучува гала-вечера, дискусија и групна фотографија со Маркл, а гостите ќе добијат и подароци.

ВИП-влезниците чинат 2.288 долари, но како што е нагласено во објавата – „кој рано рани“, може да добие влезница и за помалку од 2.000 долари.

„Ако некогаш сте посакале викенд што ќе Ви ја исполни чашата и ќе Ве потсети колку сме моќни ние жените кога се собираме… Еве го тоа“, пишува во рекламата на Инстаграм-страницата на Маркл. „Донесете ја Вашата најдобра другарка, дојдете сами или соберете ги Вашите девојки – со нетрпение чекаме да Ве видиме таму.“

Настанот е ограничен на 300 гости.

Војвотката од Сасекс патува во Сиднеј со принцот Хари. Патувањето е првата посета на двојката на Австралија по нивната кралевска турнеја во 2018 година, според „Пипл“ (People). Не се очекува овојпат ниту едно од нивните две деца да патува во Сиднеј.

To top