По раскинувањето со Харис Бркиќ, пејачката Рада Манојловиќ го крие својот љубовен живот од очите на јавноста. Но, не беше секогаш така, напротив, таа со медиумите ги споделуваше деталите и за љубовните врски и за нивните раскинувања.
„Кога раскинавме ми кажа дека сум една од милион, дека сум била таму кога му било најтешко, но дека нашите емотивни патишта се разминувале“, откри еднаш Рада.
Манојловиќ откри дека таа и нејзиното поранешно момче постојано се расправале за исти работи, но и дека му замерувала, бидејќи премногу им верувал на другите луѓе.
„Не можам да го обвинам, тој им веруваше на други луѓе кои го манипулираа“, изјави тогаш пејачката и додаде дека сестрата му никогаш не ја прифатила.
„Навистина, неговото семејство, мајка му и татко му, беа исклучително љубезни кон мене, секогаш ме гледаа како нивно дете. Голем поздрав до нив, прекрасни луѓе се! Сепак како што вели народот снаа е снаа“, призна тогаш пејачката.
Се осврна и на деталите околу нејзиниот однос и сестра му:
„Таа никогаш не ме ценеше и не ме почитуваше. Мислеше дека не сум достојна за нив, јас сум обична фолкерка, од село… Не би ги коментирала изјавите на таа личност и не би им давала толкава важност“.