Познати Ѕвездите на Гранд

Марија Шерифовиќ го донесе синот на емисија: Ова е неговото прво јавно појавување

-Сега сум посилна, ве слушаме и двајцата, само вие зборувајте, рече Марија.

Марија Шерифовиќ го донесе синот на емисија: Ова е неговото прво јавно појавување

Пејачката Марија Шерифовиќ пред една година го доби синот Марио со кој преку ден го поминува целото слободно време, но изгледа тоа не и е доволно, па решила да го однесе и на работа.

Судејќи по нејзините објави на социјалните мрежи, се чини дека пејачката секојдневно ужива во родителството и дека за нејзиниот син апсолутно ништо не и е тешко.

Бидејќи секој момент го користи да го помине со својот наследник, сега го донесе на снимањето на емисијата „Ѕвездите на Гранд“.

Шерифовиќ во еден момент се расправала со членовите на жирито, а потоа отишла да го земе нејзиниот син и рекла:

„Имам мал посетител, еве го Јуниор во моите раце, извинете“, рече таа и ги изненади сите во студиото.

„Донеси го овде да го видиме“, рече Драган Стојковиќ Босанац.

-Сега сум посилна, ве слушаме и двајцата, само вие зборувајте, рече Марија.

To top