Во 2022 година, синот на легендарниот пејач Шабан Шаулиќ, Михајло Шаулиќ се заколна на вечна љубов на својата избраничка Марина, со која на почетокот на минатата година ја доби ќерката Мања.
Нивната наследничка сега наполни една година, а роденденот го прославија со гала забава во која доминира розовата боја. Гордите родители позираа со малата Мања во елегантни изданија.
Срцето на Михајло беше полно, па тој не можеше да ја тргне насмевката од лицето. Сестрата Илда Шаулиќ во еден момент посегна по микрофонот, на што нејзиниот брат многу се израдувал.
На забавата имало и огромна торта, каде се направија семејните фотографии.