Познати Уживаат

Мајчинството ја разнежни: Марија Шерифовиќ не може да му одолее на синот, сподели преслатки фотографии

„Какви се овие нозе, што е ова“? – напиша Марија, додека го бакнуваше момчето.

Мајчинството ја разнежни: Марија Шерифовиќ не може да му одолее на синот, сподели преслатки фотографии

Пејачката кон крајот на минатата година стана мајка, а оттогаш нејзините содржини на социјалните мрежи главно се однесуваат на наследникот.

Марија Шерифовиќ не крие колку ужива во мајчинството и поминувањето време со синот, кој го доби со помош на сурогат мајка.

Изгледа дека нејзините следбеници уживаат да ги гледаат преслатките кадри кои се создаваат со бебето, па продолжи да споделува во ист ритам.

Сега таа објави видео од нејзиното утринско гушкање со Марио, од кој не се одвојува.

Момчето си играше и ги мрдаше нозете, што посебно ја воодушеви пејачката.

„Какви се овие нозе, што е ова“? – напиша Марија, додека го бакнуваше момчето.

Најнови вести од Познати

To top