Познати

ЛОШО ИМ СЕ ПИШУВА ДОКОЛКУ ПОВТОРНО ЈА НАПРАВАТ ОВАА ГРЕШКА: Хари и Меган Маркл добија јавно предупредување од палатата

ЛОШО ИМ СЕ ПИШУВА ДОКОЛКУ ПОВТОРНО ЈА НАПРАВАТ ОВАА ГРЕШКА: Хари и Меган Маркл добија јавно предупредување од палатата

Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл се предупредени да не се огласуваат околу Кејт Мидлтон откако кралското семејство објави ново соопштение за нејзиното здравје.

Експертот за односи со јавноста Рајан Мекормик ја повика двојката да не дава никакви јавни коментари за принцезата Кејт за да избегне шпекулации за нејзиното здравје.

„Хари и Меган ќе се потрудат да не даваат никакви јавни коментари за Кејт. Сè што ќе кажат би било премногу внимателно и доколку посакаат брзо закрепнување на Кејт, ќе се шират шпекулации за тоа што се случува зад сцената“, изјави тој за „Mirror“.

Тој додаде дека Хари и Меган би можеле да го освојат кралското семејство со молчење.

„Војвотката и војводата веројатно можат полека да почнат да ја враќаат довербата на кралското семејство со тоа што ќе постапат точно како што им е кажано“, рече Мекормик.

За потсетување, Кенсингтонската палата објави ново соопштение за да ги увери фановите по шпекулациите за тоа каде се наоѓа Кејт.

„Принцезата од Велс се врати во Виндзор каде што ќе се опоравува од операцијата. Таа добро закрепнува. Принцот и принцезата сакаат да му се заблагодарат на целиот тим во Лондонската клиника, особено на посветениот персонал кој ја пружи сета потребна нега”. рече палатата и додаде колку е благодарно семејството за сите убави желби што ги добиваат од целиот свет.

Најнови вести од Познати

To top