Легендарната пејачка на народна музика Лепа Лукиќ неодамна откри дека напишала тестамент, како и дека целото богатство што го стекнала во текот на 50-годишната кариера ќе го остави на својот внук од брат, Радисав, но тој мора да исполни еден услов.
Имено, по смртта на пејачката, нејзиниот внук ќе ги добие ресторанот, двата стана, куќата и целата заштеда на Лепа, но под еден услов – да се грижи за мачката Маза.
-Напишав тестамент во кој изјавив дека мојот внук мора да се грижи за мачката ако починам пред неа. Радисав треба да се грижи за Маза, да ја чува и да ја гали, а тој ќе наследи се што сум стекнала во текот на мојот живот. Сето тоа го има во документот што го чува мојот адвокат, рекла Лепа и додала дека е многу приврзана за мачето кое го посвоила пред девет години.
-Таа е чудо од мачка, ја гледам како мое дете. Затоа морав да се грижам за неа и да знам дека ќе биде добро кога ќе одам на другиот свет. Од 2011 година ние две живееме заедно како мајка и ќерка, изјави Лепа за „Информер“.
Таа нагласи дека со Маза зборува како со човек.
-Таа е многу паметна, попаметна од мене! Таа никогаш не се качувала на маса додека јадам, како што прават другите мачки. Таа ги има своите пелети и кога ќе каже “мјау”, ја прашувам: “Сине, кажи ми што сакаш, кажи мајка што сакаш?” Одиме заедно до каде и е садот со храна и ја полнам да јаде. Кога ќе се насити, одиме во спалната, го гасам светлото, а таа се качува на креветот и ме чека, заедно спиеме, раскажа пејачката.