Познати војната продолжува

„КУКЛО УПОТРЕБИЈА ГЛАВАТА ЗА РАЗМИСЛУВАЊЕ, НЕ САМО ЗА…“: Карлеуша удри по Северина по изјавата за Сребреница

Јелена Карлеуша сподели видео во кое Северина има порано изјавено дека во Сребреница имало геноцид и ја нападна поради ваквиот став.

„КУКЛО УПОТРЕБИЈА ГЛАВАТА ЗА РАЗМИСЛУВАЊЕ, НЕ САМО ЗА…“: Карлеуша удри по Северина по изјавата за Сребреница

Северина во 2022 година гостуваше на телевизијата БХТ1 во емисијата Конечно петок. Во разговорот со водителката Маја Ченгиќ Мирале го кажа следново:

„Сега испаднав дека сум најлошиот усташ со тоа што реков дека имало геноцид во Сребреница – што и е геноцид, како и да го нарекуваат: големо злосторство, мало злосторство или средно злосторство. Во тој случај некоја држава треба да плати компензација на таа земја. Мислам дека тоа е единствената причина што тие не препознаваат дека тоа се нарекува така“.

На Карлеуша не и се допадна ваквото размислување на Северина и се нафрлила на неа.

„Северина, зошто ти е важно дали се користи зборот злосторство или зборот геноцид? Зошто се бавиш со пресудување што се случило и тоа ти да го објаснуваш? Ако се работи само за пари и обесштетување(?!), Дали вашата држава ѝ плати на Србија за Јасеновац? Дали се наплаќа по тон месо или по број на луѓе? Колку чини милион животи, на пример? Колку за милион Срби и сакате ли попуст оти имаше и Евреи? Ромите бесплатно? Дали барате попуст на потрошената сума и труд затоа што навистина требаше многу волја и труд за да се постигне таа бројка во само еден камп“, напиша таа.

Таа понатаму праша дали има ценовник „колку Хрватска треба да плати како компензација за единствениот детски камп во светот“.

„Ако е детски камп, дали го класифицирате како „мало“ или големо злосторство? Како го нарекувате Северина, хм? Сакаш ли меѓусебно да си платиме па да продолжиме да се сакаме? Чиста сметка, долга љубов?

„Бидејќи геноцид не може да го извршат поединци кои долго време се осудени за тоа. Цел народ е виновен за геноцидот. Кој ви вели дека Србија не е спомната во таа резолуција, па зошто Србија да плати компензација?! Хммм? Малку логика, кукло, употреби ја главата и за размислување, не само за ботокс. Србите народот кој најмногу настрада во 20 век, можат да бидат само голем, горд и чесен народ. Не геноциден народ. Нема да го носиме тој белег ниту јас, ниту моите деца, внуци, затоа што никој во мое име не убиваше невини луѓе во граѓанската војна, со која јас немам никаква врска. П.С А и твојот син кој е Србин, ќе го носи тој жиг ако таа историска неправда се случи. Обиди се да не се трудиш да бидеш толку многу паметна, напиша таа.

Северина се уште не одговори на навредите на Карлеуша. Генералното собрание на Обединетите нации денеска во 16 часот одржува седница на која, меѓу другото, ќе се разгледува и усвојувањето на резолуцијата за геноцидот во Сребреница.

To top