Лоши вести пристигнаа од Бакингемската палата.
На кралот Чарлс му е дијагностициран облик на рак, соопшти Бакингемската палата. Тоа не е рак на простата, туку беше откриен за време на неговиот неодамнешен третман за зголемена простата. Видот на ракот не е откриен, но според соопштението на палатата, кралот почнал со „редовна терапија“ во понеделникот, пренесува Би-би-си.
Бакингемската палата соопшти дека кралот „останува целосно позитивен во однос на неговиот третман и со нетрпение очекува да се врати на целосна јавна должност што е можно поскоро“.
Тој ќе ги одложи своите јавни ангажмани и се очекува другите членови на кралското семејство да му помогнат за време на неговото лекување.