Познати

КОНЕЧНО СЕ ОГЛАСИ ПОРАНЕШНИОТ НА СЕВЕРИНА: Првата негова изјава избришана експресно штом беше објавена, во втората имаше што да порача!

КОНЕЧНО СЕ ОГЛАСИ ПОРАНЕШНИОТ НА СЕВЕРИНА: Првата негова изјава избришана експресно штом беше објавена, во втората имаше што да порача!

Врховниот суд на Северина во потполност ѝ го зел старателството над малолетниот син и го вратил на поранешниот сопруг, бизнисменот Милан Поповиќ.

Милан Поповиќ, кралот на бакарот, за српскиот „Курир“ се огласил по повод пресудата на хрватскиот Врховен суд да го добие старателството над својот малолетен син.

„По повод бројните медиумски прашања поврзани со одлуката на Врховниот суд на Република Хрватска, како и моите идни постапувања, потенцирам дека заради заштита на интересите и благосостојбата на мојот малолетен син, не сакам јавно да излезам, коментирам, ниту да изнесувам било какви детали поврзани со споменатата судска постапка, па ги замолувам медиумите за разбирање и да се воздржат од дополнителни објави и коментари“, изјавил Милан Поповиќ за „Курир“.

Да потсетиме, Врховниот суд целосно ѝ го одзеде старателството на хрватската пејачка Северина над нејзиниот малолетен син и му го врати на поранешниот сопруг, бизнисменот Милан Поповиќ.

Претходно, за „РТЛ“ тој ја имал следната изјава, но од непознати причини набрзо била отстранета.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

„Врховниот суд е највисоката судска инстанца во Република Хрватска. Пресудата беше донесена со едногласна одлука на совет од 5 врховни судии. Одлуката е праведна и јас сум задоволен, но приказната сè уште не е завршена. Жупанискиот суд во Сплит и другите судии во овој случај му нанесоа непоправлива штета на нашето дете“, изјавил Милан Поповиќ за „РТЛ“, а потоа додал:

„Ќе продолжам да ги користам сите законски средства за да ги демаскирам сите кои учествувале во тоа и да бидам соодветно санкциониран за тоа. И конечно, оваа одлука не значи дека мајката нема да може да го види детето. Во тие 20 месеци кога детето живееше со мене, мајката не дојде да го земе детето повеќе од половина од терминот, а што е уште полошо, не ни бараше повеќе да биде со детето. Ова е само уште еден медиумски циркус на Северина Вучковиќ, сезона 156.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Откако изјавата беше објавена на РТЛ, таа набрзо беше отстранета, причината не е позната.

Најнови вести од Познати

Теми на денот

To top