Долгоочекуваниот предновогодишен спектакл е на самиот праг. Утре е денот кога македонската публика ќе се собере на едно место само за да доживее незаборавна вечер заедно со Теа Таировиќ.
Време е за концертот кој го привлече вниманието на широката јавност и предизвика голема заинтересираност и возбуда. Како што велат организаторите, сензационалниот настан е скоро целосно распродаден што воопшто не е зачудувачки, а поради големиот интерес пуштени во продажба биле и карти за помошните трибини и делот од галеријата.
Неодоливата балканска ѕвезда Теа Таировиќ со нетрпение чека да настапи пред македонската публика, ќе дојде со тим од 40 луѓе, а заедно со својата танчерска екипа и специјалниот гостин, мегапопуларниот Војаж, подготвени се да направат незаборавно лудило.
Теа изјави дека првото нешто што го прави кога ќе дојде во Македонија е дека пие македонско вино во кое навистина ужива.
На прашањето на КУРИР, дали на концертот ќе ја израдува македонската публика со македонска песна, Теа одлучи да го открие најголемото изненадување на вечерта.
Имено, Теа ни откри дека напорно се подготвува да исполни една своја голема желба, да испее песна од Тоше Проески, кого го нарече најголема балканска ѕвезда.