Кејт Мидлтон е позната по елегантните фризури и главно практикува класични форми.
Таа не сака да експериментира, ниту да прави големи промени. Косата секогаш ѝ е совршено исфенирана, со слична должина и евентуално украсена со едноставни детали.
Ричард Ворд, фризерот на Кејт Мидлтон, открил која е омилената фризура на Кејт кога сака малку поразлично да изгледа.
Станува збор за фризура во која косата е строго „залижана“ зад ушите, а наводно оваа фризура има и ефект на подмладување.
Овој изглед Кејт го имала на доделувањето на наградата кралица Елизабета за британски дизајн и на премиерата на филмот „Top Gun: Maverick“.
„Тоа беше свеж и модерен изглед поради кој изгледаше блескаво младолико“, вели Ворд.
Ваквото зачешлување на косата наназад го отвора лицето и ги истакнува неговите црти, а до израз доаѓаат очите.
„Таа е прекрасна во секој случај, но овој стил го зголемува нејзиниот добар изглед и му додава гламур“, додава фризерот.
Ричард Ворд вели дека не е лесно да се направи ваквата фризура иако изгледа едноставно и дека пред сѐ потребно е косата да биде добро негувана низ годините.