Џина Џиновиќ е толку активна на социјалните мрежи што веќе важи за сериозен инфлуенсер, а редовно го покажува луксузниот живот во кој ужива, како и провокативните слики во бикини, додека нејзиниот помал брат не се експонира во јавноста.
View this post on Instagram
Имено, синот на фолк легендата Харис Џиновиќ и модната дизајнерка Мелина, не сака да се појавува во јавноста, а ретко сте го виделе на фотографија со родителите или со постарата сестра Џина.
Сепак, судејќи според неговите објави на Инстаграм, Кан сака и да патува низ светот и да ужива на луксузни дестинации, а често ја покажува и својата девојка со која разменува нежности и покажува колку ја сака.
Кан во една прилика објави фотографија на својот Инстаграм профил и покажа како ужива со својата избраничка. Имено, тие излегле на романтична вечера, биле интимни, а насмевката на неговото лице кажувала дека е среќно заљубен.