Пејачката Рада Манојловиќ по раскинувањето со колегата Харис Берковиќ од очите на јавноста го криеше љубовниот живот, велејќи дека нема партнер и дека најдоброфункционира кога е сама.
Сепак медиумите од регионот открија дека Рада Манојловиќ се уште има момче.
„Мојот љубовен статус е ист. Наскоро ќе презентирам нови песни и ново-старо момче“, изјавила пејачката пред година и пол, но не се знае дали мислела на момчето со кое деновиве е уловена од фото репортерите.
Првата јавна врска на Рада беше со Милан Станковиќ, со кој остана во пријателски односи по раскинувањето.
„И денес сме приајтели иако поминаа 10 години откако се разделивме“, истакна Манојловиќ.