Познати

КАРЛЕУША МУ ОТКРИ НА СВЕТОТ КОГА РОНАЛДО ЌЕ СЕ ПЕНЗИОНИРА: Георгина се кае поради тоа што не виде дека камерите ја снимаат кога го кажува ова! (ВИДЕО)

КАРЛЕУША МУ ОТКРИ НА СВЕТОТ КОГА РОНАЛДО ЌЕ СЕ ПЕНЗИОНИРА: Георгина се кае поради тоа што не виде дека камерите ја снимаат кога го кажува ова! (ВИДЕО)

Социјалните мрежи не престануваат да зборуваат за Јелена Карлеуша која со Георгина Родригез се појави на ревијата на брендот „Vetements“ во Париз, а девојката на Кристијано Роналдо ја заследи српската пејачка на Инстаграм.

Сега се појави снимка од разговорот меѓу двете, која изненади многумина.

Луѓето се убедени дека Георгина ѝ открила на Карлеуша кога Роналдо ќе ја заврши фудбалската кариера и ќе се пензионира. „Кристијано, уште една година и толку. Можеби две, не знам“, се слуша како вели Георгина на снимката. Твитер е преполн со реакции, а Србите се гордеат со пејачката.

„Во каков алтернативен универзум живееме кога преку Карлеуша дознавам кога Роналдо оди во пензија?!“, „Јелена Карлеуша му откри на светот кога Кристијано Роналдо оди во пензија. Застанете и гледајте“, „Дознаваме дека Кристијано му завршува кариера од разговорот меѓу Георгина и Карлеуша…“, пишуваат твитерџиите.

Да потсетиме, Георгина по пистата прошета во дресот на Роналдо, со неговиот потпис.

Најнови вести од Познати

To top