Кралот и кралицата присуствувале на отворањето на салонот за цвеќиња во Челзи и тогаш кралицата направила нешто што сите веднаш добро го протолкувале.
Кралицата Камила ги воодушевила младите на салонот за цвеќиња во Челзи кога им подарила посебен букет цвеќе, а еден експерт за цвеќе открил која е симболиката во сето тоа.
Таа одлучила камелиите да им ги подари на учениците од Основното училиште Суливанко кои придонеле во учествувањето и уредувањето на градината која била инспирирана од Пенелопа Фетерингтон од драмата „Bridgenton“.
„Камелиите традиционални симболизираат восхит, наклонетост и благодарност. Со изборот на камелии, кралицата Камила веројатно сакала да изрази длабока благодарност за креативноста и посветеноста на децата“, изјавила Елисе Харлос, менаџерка.
Таа исто така додала дека камелиите имаат подлабоко значење, особено имајќи ги предвид неодамнешните здравствени борби на кралот и принцезата од Велс кои се борат со канцерот.
„Камелиите можат да симболизираат и отпорност и сила. Овој избор може да одразува порака на солидарност и поддршка на нејзиниот сопруг и снаа во текот на нивната борба за здравјето“, рекла таа, па додала:
„Изборот на камелии бил емотивен начин да се пренесе благодарност, сила и единство во текот на ова тешко време низ кое поминува британското кралско семејство“.