Познати Не му било лесно, но...

„Изневерениот сопруг последен дознава“: Харис Џиновиќ откри дека Мелина ја донела одлуката да се разведат, еве како се чувствува

Во овој момент, како и секој татко, Харис најмногу мисли на своите деца.

„Изневерениот сопруг последен дознава“: Харис Џиновиќ откри дека Мелина ја донела одлуката да се разведат, еве како се чувствува

Тема број еден на српската естрада со недели е разводот на Харис и Мелина Џиновиќ, кои решија дефинитивно да стават крај на нивната 22-годишна љубов.

Со оглед на тоа што секој ден во јавноста доаѓаат нови информации за овој пар, Харис сега за прв пат одлучи да открие што го предизвикало колапсот на нивниот брак.

„Таа ја знае причината, таа ме остави мене, јас не ја оставив. Не знам ништо, обично изневерениот сопруг последен дознава”, со овие зборови го прекина медиумскиот молк Харис Џиновиќ и првпат проговори за причината за пропаѓањето на бракот со Мелина.

„Луѓето велат дека разводот после смртта е најтешката работа. Малку би го негирал тоа“, рекол Харис, а потоа открил што сакал да каже со тоа.

„Добро, ако не ти се допаѓа да бидеш со мене, ни јас не сакам да бидам со тебе“, заклучил пејачот.

Но, како што самиот тврди, брачниот бродолом не го скршил.

„Инаку, ќе седев дома, ќе тагував, не би пеел, не би одел на концерти, не би работел, не би се насмеал…“, вели тој.

Во овој момент, како и секој татко, Харис најмногу мисли на своите деца.

„Тие се прилично големи, не им беше лесно.“

Да потсетиме,  Харис ја запознал Мелина во 2003 година. Откако ја видел во кафуле во родното Сараево, не се смирил додека не го добил нејзиниот телефонски број.

To top