Ева Лонгорија на еден настан во Холивуд ја промовираше својата нова фризура.
Убавата актерка забележително ја скрати косата и навистина во секое издание изгледа прекрасно.
Ева својата позната долга и секогаш фенирана коса ја замени со целосно права и кратка коса која ја носеше пред неколку години.
Тоа што сите го забележаа е дека таа изгледа многу помладо. Имено, познатата актерка има 48 години и многумина велат дека со новата фризура изгледа барем 10 години помладо.