Познати

ИМААТ ПО ТРИ ПЕНЗИИ: Лепа Лукиќ и Миле Китиќ заработуваат брдо пари, особено пејачката ја откри сумата – од бројката ќе ви се заврти во умот!

ИМААТ ПО ТРИ ПЕНЗИИ: Лепа Лукиќ и Миле Китиќ заработуваат брдо пари, особено пејачката ја откри сумата – од бројката ќе ви се заврти во умот!

Пејачката Лепа Лукиќ никогаш не криела дека има три пензии, но никогаш јавно не зборувала за цифрите, за разлика од нејзиниот колега Миле Китиќ кој во една прилика открил колку пари заработува.

-Јас веќе сум во пензија, седум години, имам голема пензија, босанската пензија ми е 62 евра, бидејќи живеев во Сараево, плаќав пензиско и социјално во тоа време. Имам и во Србија 70 евра, може да се собере за ручек. Се шегувам, уплаќав минимално само да имам здравствено осигурување. Имам нешто малку германска пензија, а ако до сега не сум се снашол за да го поминам остатокот од животот, тогаш треба да се убијам. Пеам 50 години, а ако не сум успеал нешто да заштедат тогаш ништо не сум направил. Не сум заработил милиони, но имам доволно за да живеам безгрижно до крајот на животот, ниту ми требаат кола и стан, имам се, вели Китиќ.

Иако тој не ја открил цифрата на германската пензија, медиумите претпоставуваат дека се работи за сума од 1.600 евра, а таму започнал да плаќа социјално и пензиско од 1994-та година.

Во една прилика пак Лепа Лукиќ открила дека има една национална пензија од 60.000 динари, другата од 90.000 динари и една од 1.000 евра.

To top