Пејачката Илда Шаулиќ гостуваше во емисија каде отворено проговори за своите неостварени желби и призна дека уште жали што покрај ќерката не родила уште едно дете.
Илда признава дека ужива на деловен и на личен план, но нејзината најголема желба е онаа поврзана со семејството.
-Има многу работи кои би сакала да ги постигнам и на професионален и приватен план. Имав една желба, но сега велам во декември ќе наполнам 45 години и имам мало девојче кое има седум години. Сакав да имам уште деца и тоа ми остана неостварена желба, изјави ќерката на покојниот Шабан Шаулиќ.