Познати

ХРВАТСКИОТ АКТЕР НА 92 ГОДИНИ СТАНАЛ ТАТКО: Сите биле едногласни дека 56 години помладата сопруга му го „подметнала“ детето

ХРВАТСКИОТ АКТЕР НА 92 ГОДИНИ СТАНАЛ ТАТКО: Сите биле едногласни дека 56 години помладата сопруга му го „подметнала“ детето

Хрватскиот актер Звонимир Рогоз освен како актер, во историјата влезе сигурно и како маж кој во  најдоцните години од својот живот станал татко, поточно на 92 години.

Имено освен богатата и долга актерка кариера, Рогоз остана запаметен и по прилично реткиот и несекојдневен случај кога втората сопруга Агата Рогоз која е 56 години помлада од него му роди дете на негови 92 години.

Меѓутоа додека бил и жив се шушкало дека тој сепак не е биолошки татко на детето која го родила неговата сопруга, додека таа упорно тврдеше дека гласините ги создаваат љубоморните поранешни љубовници на актерот кој важеше за еден од најзгодните заводници.

Звонимир Рогоз е роден во Хрватска и потекнувал од адвокатско семејство, како дете останал без родителите, па неговиот кум го пратил на училиште во Виена, но неговата најголема љубов уште од тогаш била глумата.

Последната своја улога ја имал кога наполнил 100 години.

Починал на шести февруари 1988 година на полни 100 години.

Најнови вести од Познати

To top