Познати Публиката бега, тој пее

Хаос на настап на Дарко Лазиќ: Поради дојава за бомба итно се евакуирани сите, па пејачот се качи врз автомобил – ова се деталите

Неодамна вирално стана видеото од Дарко Лазиќ и Елма Синановиќ како пеат на покрив од автомобил, а Лазиќ откри дека настапот бил целосно спонтан и непланиран.

Хаос на настап на Дарко Лазиќ: Поради дојава за бомба итно се евакуирани сите, па пејачот се качи врз автомобил – ова се деталите

Пејачот Дарко Лазиќ е активен на црногорското приморје каде што настапува во полн ек, но летово, за разлика од претходните месеци, сопругата Катарина не го придружува на настапите.

Причината за ова е што таа е во седмиот месец од бременоста.

Лазиќ истакна дека се надева дека новороденчето ќе дојде за два месеци и нагласи дека е подобро Катарина да остане дома и да не ја малтретираат патувањата.

-Да даде Господ, новото бебе ќе пристигне за два месеци, Кача е во седмиот месец. Секогаш ме придружуваше на настапите, но едвај го поднесува патувањето и нема потреба сега да ја малтретираат и да патуваат со кола. Подобро и е дома, изјави Лазиќ.

Неодамна вирално стана видеото од Дарко Лазиќ и Елма Синановиќ како пеат на покрив од автомобил, а Лазиќ откри дека настапот бил целосно спонтан и непланиран.

Тој објасни дека тоа е реакција по закана со бомба, поради што публиката морала да се евакуира, а тој решил да и се обрати на публиката и да пее заедно со Елмо час и половина.

-Тоа беше дојава за бомба, публиката мораше да се евакуира од таа област. Ми текна, бидејќи јас и Елма седевме во кола, а публиката беше насекаде околу нас на паркингот, знаете колку сум луд, помислив да и се обратам на публиката. Кога не поздравија со аплауз, не можев да не запеам, излезе Елма и заедно пеевме час и половина. После тоа се вративме и испеавме се како што треба, изјави Лазиќ за „Блиц“.

Најнови вести од Познати

To top