Познати

ГОСПОДАР НА ГРОМОТ И ДОЖДОТ: Амиџиќ објави фотографија откако стана татко, чудното име според еден бог од словенската митологија е необично за овие простори (ФОТО)

ГОСПОДАР НА ГРОМОТ И ДОЖДОТ: Амиџиќ објави фотографија откако стана татко, чудното име според еден бог од словенската митологија е необично за овие простори (ФОТО)

Водителот Огњен Амиџиќ доби син со колешката Мина Наумовиќ, на кого му дадоа необично име. Огњен и Мина со нетрпение го чекаа нејзиното породување и во раните утрински часови Наумовиќ роди син кој го крстија по врховниот бог во словенската митологија, Перун, господар на громот и дождот.

Амиџиќ и новопечената мама цел ден добиваа честитки, а сега водителот реши да објави на својот Инстаграм профил и да им се заблагодари на сите за убавите зборови и желби.

Иако сите сакаа тој да објави фотографија од бебето, таа досега ја немаше, но тој објави ланче со симболот Перун и рече:

– Ви благодарам за честитките и убавите желби. Мина, Перун и јас – се вели во соопштението.

За потсетување, Огњен веќе има едно дете од бракот со манекенката Данијела Димитровска, синот Матеја, кој наполни десет години на крајот на ноември.

Најнови вести од Познати

To top