Сите тројца синови на Слободан Живојиновиќ Боба и Лепа Брена ја напуштија семејната вила на Бежанијска коса. Последен што го напушти семејниот дом беше миленикот на Брена, најмалиот Виктор Живојиновиќ.
Станот на Виктор е луксузен имот во елитната белградска населба „Белград на вода“, на четириесетти кат.
View this post on Instagram
Од пространиот стан од 140 квадрати, вреден 700.000 евра, најмладиот син на Брена и Боба го гледа Белград како на дланка.
Станот на Виктор Живојиновиќ е наместен по најнова мода, урбан и во согласност со потребите на младиот човек, а Виктор сподели одредени делови од луксузниот имот со своите следбеници на Инстаграм.
Луксузна мермерна бања, кујна опремена со најсовремени апарати и дневна соба со прозорци, со поглед кој го одзема здивот – тоа е краток опис на имотот што Брен и Боба му го купија на најмладиот наследник пред неколку години.