Поп дивата Јелена Карлеуша пред повеќе од еден месец се прошета на модната писта на модната недела во Париз, каде ја запозна и се спријатели со Георгина, сопругата на легендарниот Роналдо.
Неколку дена по ревијата, двете се следеа на социјалните мрежи, а дружбата продолжи – се гледа од нивните интеракции.
Имено, Георгина неколку дена уживаше со Роналдо во Обединетите Емирати, од каде сподели неколку фотографии.
Во бикини, во разни пози, во вода, на лежалка, на плажа – се што може да се види, покрај, секако, доброто тело, на нејзините фотографии.
View this post on Instagram
Изданието на Георгина и се допадна на Карлеуша, па под објавата и испрати брутален комплимент.
Јелена на Георгина и остави само три огнени емотикони под фотографијата, што во буквален и наједноставен превод значи – гориш!
Да потсетиме, Јелена пред неколку месеци доби специјална покана од дизајнерот на еден од најпрестижните модни брендови Vetements, а на пистата прошета заедно со сопругата на Роналдо и позната манекенка Вини Харлоу. Колку внимание привлече нејзиниот изглед на ревијата доволно говори и фактот што веднаш го привлече вниманието на Георгина која се дружеше со неа.
Ова појавување на пејачкатаи донесе две нови пријателства – со Георгина и Вини.