Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон се ожени со познатата ТВ водителка Иларија Д’Амика, а свадбената фотографија ја објави на социјалните мрежи.
Познатиот пар е во врска од 2014 година, а 10 години подоцна љубовта ја крунисаа со брак. Буфон на 47-годишна возраст повторно стапна на лудиот камен.
View this post on Instagram
Голманот зад себе има еден брак, со чешката манекенка Алена Шередова. Двајцата беа заедно во брак од 2011 до 2014 година и имаат две деца.
Буфон има еден син со ТВ водителката.