Џина Шумахер (27), ќерка на легендарниот Формула 1 возач Михаел, се омажи за својот долгогодишен партнер Џаин Бетке.
На имотот на Шумахер во Мајорка беше организирана голема прослава за членовите на семејството и пријателите. Имотот зафаќа повеќе од 15 илјади квадратни метри и има главна куќа, базени и дополнителни згради.
Големиот ден на Џина го пренесоа сите светски медиуми, а на социјалните мрежи се проширија фотографии од овој настан. Ќерката на Шумахер блескаше во скапа венчаница во боја на слонова коска, а целиот изглед го комплетираше со едноставни додатоци.
View this post on Instagram
Тамошниот медиум „Ултима Хора“, кој пишуваше за венчавката на убавата Џина, не го спомена Михаел Шумахер. Како и досега – неговата моментална состојба по несреќата на скијање не е позната, а семејството строго се придржува до семејната приватност.
Џина и Бетке се заедно седум години, а се верија во 2023. Сопругот на наследничката на Шумахер е син на англиски менаџер и германски професор, се занимава со јавање коњи.