Познати

ФОТО: Роналдо и Георгина се свршија, огромен дијамант блесна на нејзината рака

ФОТО: Роналдо и Георгина се свршија, огромен дијамант блесна на нејзината рака

Кристијано Роналдо, еден од најдобрите фудбалери на денешницата, и Георгина Родригез, неговата долгогодишна партнерка, објавија дека се свршиле.

Родригез објави фотографија на социјалните мрежи со голем прстен.

-Да, се согласувам. Во овој и во сите мои животи, гласеше описот кој Георгина го додаде на фотографијата.

Роналдо, фудбалерот со најмногу следбеници на Инстаграм во светот, не коментираше за свршувачката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Двојката живее заедно девет години, а се запознале во продавницата на Гучи во Мадрид каде што работел Родригез.  Роналдо има пет деца, од кои две се од врската со Родригез.

Нивната најмлада ќерка Бела е родена во април 2022 година, а нејзиниот брат близнак беше мртвороден.

Родригез беше и ѕвезда на серијата на Нетфликс „Јас сум Георгина “, во која исто така зборуваше за шпекулациите за свршувачка со Роналдо.

Во една од епизодите, таа рече дека нејзините пријатели „постојано се шегувале и ја прашувале „кога ќе се случи свадбата““.

To top