Познати

ФОТО: Дејвид Бекам заврши во болница, Викторија објави фотографија

ФОТО: Дејвид Бекам заврши во болница, Викторија објави фотографија

Дејвид Бекам неодамна имал операција на зглобот, а јавноста дозна за тоа дури откако неговата сопруга Викторија објави фотографии од болница.

На фотографијата се гледа Бекам како лежи во болнички кревет со завој на раката. Викторија Бекам му упати емотивна порака на Инстаграм: „Брзо оздрави, тато.“

Фудбалската икона ја повредил раката за време на пријателски натпревар против Јужна Африка во 2003 година и продолжил да игра со цврст завој. Сега, наводно, е опериран за конечно да се решат последиците од таа повреда, пишува „Сан“.

Меѓутоа, неодамнешен рендген покажал дека шрафот кој тогаш му бил вграден за стабилизација на раката не се разложил правилно и завршил вграден во неговата подлактица.

На фотографиите од болницата Бекам е насмеан, што укажува дека добро се опоравува.

Screenshot / Instagram

-Дејвид со години трпеше болка, но не обрнуваше многу внимание. Продолжуваше понатаму сè додека болката во последниве месеци не стана неподнослива. Рутинскиот преглед покажа дека металниот клин, кој требаше со текот на времето да се разложи, не го направил тоа – па беше закажана операција за конечно да се реши проблемот, по сите овие години. Викторија беше покрај неговиот кревет по операцијата и сè помина во најдобар ред. Тој е во одлично расположение, изјавил извор за „Сан“.

Во неодамнешно интервју, Бекам призна дека неговата блескава фудбалска кариера му оставила бројни тешки повреди и години на „истрошување“.

To top