Во Франција вчера по 77 пат беше отворен Канскиот фестивал на којшто присуствуваа голем број на истакнати имиња од светот на филмот.
Веќе бројни имиња прошетаа на црвениот тепих на фестивалот во Кан во брилијантни модни комбинации, а меѓу нив се најде и популарната турска актерка Мерјем Узерли.
Мерјем која ја толкуваше улогата на Хурем во серијата „Сулејман величествениот“, синоќа присуствувала на премиерата на филмот „The Second Act“ и привлекла внимание со својот изглед, а многумина шпекулирале дека станува збор за ботокс и слични препарати за подмладување.
Прекрасната актерка на овој голем настан се појавила во фустан извезен со шарени монистра кои се во ритамот на ориенталниот стил.
View this post on Instagram
Мерјем во фустанот „Masion Novague“ со сини и златни тонови, со голем отвор на грбот изгледала како да дошла од најромантичните бајки. Меѓутоа, уште една работа била забележлива, а тоа е положбата на рацете кои Мерјем ги држи на поголем дел од фотографиите – на стомакот.
Фановите овој потег го протолкувале дека актерката сака да ги навести убавите вести, но засега тоа е само шпекулација.
View this post on Instagram
Дали ова е случајна поза, скриена порака или актерката намерно сакала да ја заинтригира јавноста и натаму не е јасно.
View this post on Instagram
View this post on Instagram