Поранешната пејачка и водителка Ана Севиќ, како што дознава „Блиц“, ќе ја замени Сања Кужет.
На таа сцена повторно се враќа Ана Севиќ која се натпреваруваше во музичката талент шоу програма „Ѕвездите на Гранд“, но овој пат како водителка.
Инаку, Ана и нејзиниот колега Милан Митровиќ пред неколку години водеа сличен формат за деца „Неки нови клинци“.
-Долго размислувавме кој би можел да ја замени Сања Кужет и имаше неколку дами во оптек. Сепак, одлуката падна на Ана Севиќ. Таа се покажа како добар избор, а вниманието на јавноста го привлекува и нејзиниот приватен живот, па Ана е секогаш присутна во медиумите, вели изворот.
Да потсетиме, Ана Севиќ во 2010 година се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“, а потоа нејзиниот живот доби сосема поинаков правец. Таа со години беше во брак со Дарко Лазиќ со кој ја има ќерката Лорена и се посвети на приватниот живот.
Одвреме-навреме снимаше неколку песни, а потоа во меѓувреме се разведе од Лазиќ и се омажи за Даниел Недељковиќ, со кој ги има ќерката Сена и синот Симеон.