Ѕвездата на реалното шоу на Нетфликс „Too Hot To Handle“, 27-годишната Олга Беднарска, е уапсена откако цариниците на аеродромот во Манчестер ја фатиле со два големи куфери во кои имало 40 килограми канабис.
Според The Manchester Evening News, ѕвездата од „Too Hot To Handle“ кога била уапсена во октомври тврдела дека пријател по име Текс и ги дал куферите. Инфлуенсерката, која се појави во третата сезона на хит реалното шоу Нетфликс, тврдеше дека лицето ѝ платило за летовите и побарало од неа да испорача дизајнерска облека и часовници.
Олга, која по потекло е од Полска, живее во Манчестер успеала да избегне затвор откако се обидела да прошверцува дрога вредна 150.000 фунти, што е околу 180.000 евра, во Велика Британија.
Во судот беше кажано и дека Беднарска „живеела над своите можности“ и имала долгови од 16 илјади фунти. За да ги исплати долговите, таа се согласила да лета за Тајланд и да ги увезе сите тие дизајнерски предмети во Велика Британија, во замена за 18.000 фунти за отплата на долговите.
Таа се расплакала пред судот откако била поштедена од затвор и се изјаснила за виновна дека е соучесник в о криумчарењето. Судијата Џон Потер и изрече условна казна од 20 месеци. Покрај условната казна Беднарска доби и 15 дена рехабилитација.