Познати

Џорџ Клуни откри зошто повеќе нема да снима романтични филмови

Џорџ Клуни откри зошто повеќе нема да снима романтични филмови

Џорџ Клуни откри дека повеќе нема да снима романтични филмови, а како причина ја наведе неговата возраст. Актерот е познат по своите романтични улоги, а во 2022 година заедно со Џулија Робертс глумеше во филмот „Ticket to Paradise“.

Сепак, тој сега навести дека тоа би можело да биде неговиот последен таков филм.

Во интервју за емисијата „60 минути“, Клуни изјави дека е премногу стар за улоги во романтични комедии.

-Видете, јас имам 63 години. Не се обидувам да се натпреварувам со 25-годишни мажи. Тоа не е моја работа. Повеќе не снимам романтични филмови, рекол актерот.

Додека го промовираше „Ticket to Paradise“ во 2022 година, Клуни истакна дека нема снимено романтична комедија од 1996 година.

Најнови вести од Познати

To top