Јавноста за врската на Џиџи Хадид и Бредли Купер дозна пред повеќе од една година, а манекенката за првпат реши да открие детали за врската со познатиот актер кој е 21 година постар од неа.
Во интервју за магазинот „Вог“, Џиџи изјави дека многу го почитува Купер како уметник и креативна личност.
-Чувствувам дека ми дава многу, секогаш ме охрабрува и верува во мене. Кога ве поддржуваат луѓето кои ги почитувате и им се восхитувате, тоа ви дава дополнителна самодоверба. Тогаш размислувате: “Па што ако пробам нешто ново”. Не е важно дали тоа не функционира, само треба да се обидете и да го направите тој прв чекор, вели таа.
Зборувајќи за врската со Бредли, Џиџи тврди дека го запознала на детска роденденска забава на заеднички пријател и верува дека тоа не било голем ризик или одлука, туку чувство дека во него го „нашла својот дом“.
-Мислам дека е навистина важно да дојдете до точка во животот каде што знаете што сакате и што заслужувате во врската. А потоа кога ќе најдете некој кој исто така дошол до тој момент, кога ќе знае што сака и што бара, тогаш и двајцата работите на себе, но градите нешто убаво, нешто здраво заедно, рече таа.
Џиџи тврди дека нејзината врска со Бредли е многу романтична, но нема премногу да зборува за нивниот однос во јавноста.
-Тоа едноставно не е дел од нашата врска. Не споделуваме се со другите и така ни е удобно, рекла таа.
Во текот на изминатата година, Џиџи и Бредли, според неа, внимавале да ја држат својата врска подалеку од очите на јавноста. Тие претпочитаат тивки излегувања отколку излегувања на црвениот тепих. Една од активностите во кои особено уживаат е одењето во театар.
-Бредли ме убеди повторно да почнам да одам во театар, за што навистина ми е драго. Убаво е да ја вратам таа навика во мојот живот, рекла Хадид.
Таа потврди дека се чувствува многу среќна во својата врска.