Изборот за песна на Евровизија синоќа официјално започна со прошетка по тиркизниот тепих. И веќе на стартот, драмата во Малме го достигна својот врв.
Точно е дека долго време се шпекулираше дека на отворањето нема да има израелска делегација, а синоќа се покажа дека оваа вест е точна.
Отсуствуваа пејачката Еден Голан и нејзиниот тим, а причината беше очекувана – поради потенцијални закани и напади.
Безбедносните служби не сакале да ризикуваат, па во договор со делегацијата на Израел нашле изнудено решение.
Исто така, една од наведените причини е фактот дека се слави Денот на сеќавањето на холокаустот, и затоа ниту една церемонија која вклучуваше славење не доаѓаше во предвид.
За Еден се пишуваше многу поради конфликтот на Блискиот Исток, а организаторите со месеци беа под притисок поради одлуката да му се дозволи на Израел да учествува на Евровизија.
Европската радиодифузна унија (ЕБУ) неодамна ја заштити претставничката на Израел, како и некои други учесници на Изборот за песна на Евровизија и членовите на евровизиските тимови.
Еден дури добила неколку смртни закани.
Нејзиниот настап на Евровизија во Малме ќе се одржи во четврток, во второто полуфинале.
View this post on Instagram
Дотогаш, како што е најавено, нејзиното движење во Малме ќе биде организирано на минимум.