Соседите истакнуваат дека Џенан е одличен пејач, но дека навистина не се покажал како личност, а други истакнуваат дека и покрај се што се зборува, тој е прекрасен човек, како и неговото семејство.
Регионот зборува за разводот на Џенан Лончаревиќ и неговата сопруга Самира Лончаревиќ, а сега се огласија и нивните соседи од родното Пријепоље.
Многумина се шокирани од оваа информација, а истакнуваат дека биле многу изненадени од веста.
-Па мајко… Ајде младината е луда, но што е со него? Пред скоро гостуваше на телевизија, навистина ме чуди, мора да е измама. Еве ги Драгана Мирковиќ и Тони после толку години…
Друг сограѓанин не беше толку љубезен.
-Добар пејач е, но сега како маж испадна никаков.
Една сосетка признала дека нивниот развод ја шокирал.