Познати

Диетата на Шехерезад и Онур: Тој ослабе 14 килограми за месец ипол, таа 7 – Ова е нивното мени

Диетата на Шехерезад и Онур: Тој ослабе 14 килограми за месец ипол, таа 7 – Ова е нивното мени

Бергузар Корел и Халит Ергенч се појавија заедно пред камерите во 2016 година, во серијата „Ти си мојата татковина“. Бидејќи не беа во најдобра физичка форма пред снимањето, подготовките, покрај учењето на текстот, бараа и диета.

На Ергенч му беше доверена улогата на војник во грчко заробеништво за време на балканските војни, а за верно да го портретира мачениот затвореник, мораше да се ослободи од вишокот килограми.

Како што подоцна открија, планот за исхрана го осмислила Бергузар, а резултатите беа повеќе од добри – тој ослабе 14 килограми по месец и половина, а таа ослабе 7.

– Јадам суров зеленчук и полупечено месо. Ги исфрлив шеќерот, глутенот и млечните производи. Всушност, претежно бев на сурова храна – рече Халит.

За време на целодневното снимање, актерот најчесто јадел ѓумбир, зелени јаболка, моркови, цвекло, спанаќ и целер, тиква, салата од киноа… Кога станува збор за пијалоци, неговиот избор беше лимонада или пијалок од житарки.

Познатиот турски пар не се откажал ниту од своите слатки, туку ги одбрал внимателно. Најчесто тоа бил десерт од нане, портокал, какао и урми.

To top