Познати

ЦЕЛА ТРИБИНА НА НОЗЕ: Овации за Кејт Мидлтон на Вимблдон, погледнете како принцезата од Велс ги поздрави присутните (ВИДЕО)

Ова е второ појавување на Кејт во јавноста откако објави дека боледува од рак. На победникот Карлос Алкараз таа му го врачи пехарот, но и на второпласираниот Новак Ѓоковиќ, кој во таа прилика и се поклони, а и се обрати неколку зборови.

ЦЕЛА ТРИБИНА НА НОЗЕ: Овации за Кејт Мидлтон на Вимблдон, погледнете како принцезата од Велс ги поздрави присутните (ВИДЕО)

Принцезата Кејт Мидлтон ги воодушеви кралските фанови со присуството на машкото финале на Вимблдон.

Кралскиот експерт, Хју Викерс рече дека доаѓањето на Кејт е „голем чекор напред“ за принцезата од Велс и дека е „многу позитивна вест“ која доаѓа во време на нејзиниот третман во борбата со ракот.

Мидлтон, по пристигнувањето на трибините на Вимблдон со ќерката Шарлот и сестрата Пипа Мидлтон, беше поздравена со овации од присутните љубители на тенисот.

To top