Пејачката Милица Тодоровиќ го очекува своето прво дете со маж непознат за јавноста.
Таа влегува во третиот месец од бременоста и ги откажа сите настапи во текот на летото за да се посвети на приватниот живот.
Иако на почетокот сè беше неофицијално, пејачката во куси разговори со дел од српските медиуми и ја потврди среќната вест.
-Ви благодарам за честитките и ви благодарам што ја почитувате мојата приватност, рече таа.
Како што се наведува, тие планираат и голема свадба, но не оваа година.