Познати

Бил Гејтс призна дека ја изневерил поранешната сопруга Мелинда, имал афери со Русинки

Бил Гејтс призна дека ја изневерил поранешната сопруга Мелинда, имал афери со Русинки

Коосновачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, призна дека ја изневерил поранешната сопруга Мелинда Гејтс, со која бил во брак 23 години. Тој, исто така, зборуваше за своето пријателство со осудениот педофил Џефри Епштајн.

Тој рече дека имал афера со две Русинки, објави Волстрит журнал.

„Едната беше играч на бриџ што ја запознав на бриџ настани, а другата беше со руски нуклеарен физичар што го запознав преку деловни активности, рече тој.

Тој не ги откри нивните имиња, но Волстрит журнал објави во мај 2023 година дека Џефри Епштајн му се заканил на Бил Гејтс поради афера со бриџ играчката Мила Антонова, со која коосновачот на Мајкрософт се запознал во 2010 година.

Тој призна неверство додека им се извинуваше на своите вработени за неговата поврзаност со Џефри Епштајн. Сепак, тој инсистираше дека не направил ништо нелегално.

-Да бидам јасен, никогаш не поминав време со жртвите, жените што беа околу него, рече тој.

Тој понатаму изјави дека Мелинда Гејтс отсекогаш била донекаде скептична кога станува збор за Џефри Епштајн. Поранешната двојка се венчала во 1994 година. Тие имаат три деца: Џенифер, Фиби и Рори.

To top