Познати Рикардо Чавира

Беше голем заводник во „Очајни домаќинки“, а еве како денес изгледа актерот кој го глумеше Карлос Солис (ФОТО)

Интересно е што додека траеше снимањето на серијата, фановите жестоко навиваа Ева и Рикардо навистина да се заљубат.

Беше голем заводник во „Очајни домаќинки“, а еве како денес изгледа актерот кој го глумеше Карлос Солис (ФОТО)

„Очајни домаќинки“ и денес е една од најпопуларните серии, а кога ја имаше својата премиера од 2004 до 2012 година, ретко која актерска екипа беше толку популарна. Иако жените беа првенствено во фокусот, беа забележани и машките членови на тимот.

Големо внимание привлекоа Габриела Солис, која ја игра Ева Лонгорија и нејзиниот телевизиски сопруг – Карлос Солис, кој го игра Рикардо Чавира.

Интересно е што додека траеше снимањето на серијата, фановите жестоко навиваа Ева и Рикардо навистина да се заљубат, но тие останаа само добри пријатели. Актерката тогаш беше во брак со кошаркарот Тони Паркер, а Рикардо беше во врска со Марсело Дизел пред тој да ја запроси за време на снимањето на серијата.

Парот се венчаше во 2007 година, а денес важат за еден од најстабилните холивудски парови.

Факт е дека годините што поминаа од „Очајни домаќинки“ едвај оставија забележителен белег, поради што тој се уште важи за еден од најпосакуваните телевизиски сопрузи.

Најнови вести од Познати

To top