Познати

Бела Хадид за долгата борба со депресијата: „Секој ден го започнував со солзи“

Бела Хадид за долгата борба со депресијата: „Секој ден го започнував со солзи“

Манекенката Бела Хадид отворено зборуваше за својата долгогодишна борба со анксиозноста и депресијата.

Преку емотивен пост на социјалните мрежи, Хадид им се обрати на сите што се соочуваат со слични предизвици споделувајќи пораки за поддршка.

Имено, во објавата, таа сподели серија мотивирачки цитати, од кои еден е особено истакнат бидејќи ја одразува внатрешната борба што многумина ја доживуваат денес.

-Кога товарот станува претежок и иднината изгледа мрачна, сосема е во ред да се одморите малку – дури и ако чувствувате дека сте ја изгубиле искрата. Кога чувствувате дека сте надвор од сопственото тело и не можете да ја прифатите реалноста, не мора да барате убавина во сè. Понекогаш, кога сè станува страшно, преживувањето станува приоритет. Се фокусираме само на она што мораме за да преживееме. Сè друго паѓа во втор план бидејќи единствената цел е да се чувствуваме безбедно, започна таа во објавата.

Хадид истакна дека ова чувство на преоптовареност е причината зошто честопати не сме во можност да размислуваме јасно.

-Во такви моменти, мислите брзаат една по друга. Застанете. Дишете длабоко. Ќе биде добро. Не размислувајте премногу за иднината, фокусирајте се само на денес. Понекогаш прашањата „што ако“ се премногу тешки. Затоа запомнете дека сегашниот момент е сè што имате. Бидете присутни и само дишете, рече таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid)

Заедно со цитатите, Бела отворено зборуваше за сопственото искуство со менталното здравје.

-Со години го носам товарот на анксиозноста и депресијата. Понекогаш станува толку интензивно што целосно ме парализира – иако никој однадвор не може да го види тоа. Порано секој ден го започнував со солзи, прашувајќи се зошто мојот ум е толку тежок, иако мојот живот е исполнет со светлина и благослови, напиша таа.

Додаде дека таквите чувства често се придружени со длабок срам, особено затоа што луѓето околу неа не се соочуваат со истите предизвици.

Но, со текот на времето, таа научи да не го гледа тоа како слабост: „Таква сум јас. Мојата чувствителност, свест и емпатија се делови од мојот идентитет. И токму тие аспекти од мојот карактер ме направија подобра личност. Тие ми помогнаа да се разберам себеси и другите подлабоко.“

Таа ја заврши својата порака со зборови на поддршка за сите што минуваат низ слични моменти.

„За сите вас што се борите со истите чувства секој ден – не сте сами. И ве сакам многу“, рече таа.

To top