Џенифер Анистон и Метју Пери се неразделни пријатели со години. Пријателството се покажа во многу тешки моменти, а неговото заминување сериозно ја потресе познатата актерка која на неговиот погреб беше видена во друштво на останатите главни актери од серијата „Пријатели“.
Очевидци открија што направила откако влегла во црквата на гробиштата во Лос Анџелес каде што беше погребана холивудската ѕвезда минатиот петок.
Актерката пристигнала на погребот во придружба на телохранител, а потоа пред црквата ги сретнала Кортни Кокс, Лиза Кудроу, Дејвид Швимер и Мет Лебланк. Кога влезе внатре, сакаше да биде осамена и се издвоила од другите. Тоа беше нејзин начин да се збогува со Метју Пери, а исто така и да се справи со огромната тага.
Метју Пери беше погребан на гробишта каде почиваат многу холивудски великани. Цветовите што беа положени на неговиот гроб вчера беа отстранети бидејќи семејството (засега) не сака јавноста да се собира на тоа место. Причината за ваквата приватност е фактот што многу познати актери се закопани покрај Метју Пери.
Метју Пери го скрши ОВАА нејзина реченица
Освен овие шокантни детали, деновиве во центарот на вниманието се и многу други трогателни детали. По трагедијата, зборовите на Метју Пери за пријателството со Џенифер Анистон имаат уште посилно значење.
Во своите мемоари, актерот се потсети како една од нејзините реченици го скршила и како после тоа бил уништен. „Знам дека пиеш“, ми рече таа. „Ние можеме да го почувствуваме тоа“. Таа множина „ние“ ме удри како чекан, напиша тој.
А потоа откри што и одговори: „Знам дека пијам премногу, но не знам точно што да правам во врска со тоа“.
Метју Пери 27 години се бореше со зависност од дрога и алкохол, а 15 пати беше на рехабилитација. Сакал сите да знаат дека Џенифер најмногу му помага и прва му пришла на помош за време на снимањето на „Пријатели“ откако забележала што му се случува.
Смртта на Метју Пери се уште е мистерија, се чекаат комплетни токсиколошки резултати за да се открие што ја предизвикало неговата смрт. Актерот пред десет дена беше пронајден мртов во џакузи во Лос Анџелес.