Андријана Јаневска е несомнено една од најдобрите и најпопознати македонски пејачки со вокал кој ја ежи кожата, ги бранува емоциите, ја растреперува душата, го разигрува срцето… Но и голем патриот, родољуб, жена која и тоа како си ја сака татковината, родната земја, својот народ, на кои им е исто толку бескрајно посветена.
Професионално, не само пејачка со врвен глас, туку и одличен виолинст, музички педагог со докторска титула, но и прва Македонка чиј вокал е искористен во една од најпознатите видеоигри на светот…
Приватно, жена, домаќинка, сопруга на познат музичар, мајка на два сина… Неформално спортски тип, со изразен интелект и авантуристички дух. Одличен шахист, дива моторџика, пасиониран риболовец, несуден спортски коментатор…
Кој и како ја внел во музичките води, дали естрадната кариера или онаа класичната и е поважна, каков е односот со нејзините синови и дали и во нив преовладуваат музичките гени, дали на македонската естрада постојат т.н. „државни пејачи“ кои да не им се партиските митинзи и плоштадите на градоначалниците не би наполниле ни мало кафуле, каков е нејзиниот однос кон политиката и политичките ангажмани, имала ли сериозни понуди да влезе во политичките води досега и дали тоа би го направила, за успесите со учениците од нејзиното училиште и музичката академија и неодамнешниот скандал кој и се случи на една приредба, за „семејната хармонија“ дома, за домашните вештини и обврски како мајка и сопруга…
За сите овие работи и уште многу други нешта подетално, за работи кои досега не сте ги знаеле или само сте ги начуле за неа, таа отворено говореше во новиот поткаст „Ништо лично“ со нејзиниот и ваш домаќин Антонио Димитриевски чија гостинка во првото издание беше таа, кој оди секоја среда, во 20.00 часот на Јутјуб каналот на KurirMK
Ако сте го гледале, ова е можност уште еднаш да се потсетите на кажаното, ако пак сте го пропуштиле, ова е прилика да го погледнете и дознаете каква животна и професионална прикаска крие личноста на Андријана Јаневска.