Александра Пријовиќ со месеци ги полни арените низ регионот, а посебен интерес за нејзините концерти е забележан во Хрватска. Речиси во сите градови пејачката распродаде неколку концерти, меѓу кои и главниот град, каде одржа дури пет настапи во Арена Загреб.
За сите досега одржани концерти и оние кои ќе се одржат во салата Вишњик, секогаш има голем интерес од публиката.
-Сите изведувачи кои настапуваат на Вишњик имаат еднаков статус, а ние се придржуваме до потпишаните договори. Што се однесува до концертот на Александра Пријовиќ, во моментов салата не е целосно распродадена, па затоа организаторите не пројавиле интерес за дополнителни термини за одржување на нејзиниот концерт, изјави новиот директор на СЦ Вишњик, Томислав Зубчиќ.