Музика

Во Македонија не настапувала цели 25 години: Балканската ѕвезда Драгана Мирковиќ доаѓа во Македонија

Во Македонија не настапувала цели 25 години: Балканската ѕвезда Драгана Мирковиќ доаѓа во Македонија

По цели 25 години една од најпопуларните пејачки на Балканот, миленичката на публиката од Вардар па до Триглав, Драгана Мирковиќ ќе одржи спектакуларен настап во нашата земја.

Поточно, настапот е закажан за на 11 јули во омилениот кабаре-клуб на битолчани, Голд Фелициа. Тимот и Драгана за овој настап посебно се подготвуваат, особено што таа ќе настапи по пауза од цели 25 години.

Факт е дека Мирковиќ има многубројна публика во Македонија, па токму овој настап е од исклучително значење за неа.

Од нејзиниот тим велат дека постојано добиваат понуди за настапи во нашата земја изминативе години, но баш сега се поклопиле сите коцки за тој и да се реализира.

„Знаеме дека имам многу понуди за Македонија, но и безразлика на пребукираниот календар ние ќе одговориме на повиците. Сега за сега нека остане тајна што подготвуваме за Македонија. За почеток е Битола, но ви ветуваме дека ќе се гледаме многу често – велат од нејзиниот тим.

Задоволството дека повторно ќе настапи пред македонската публика не го криеше ниту Драгана.

„Оваа година е еден мој голем љубилеј, 40 години во музиката, па јас не би била среќна ако не запеам пред македонската публика. Знам дека должам на многубројната публика во вашата преубава земја, земја која многу ја сакам и ме врзуваат најубавите спомени од моите концерти во деведесетите – изјави Мирковиќ.

Со други зборови, сигурни сме дека оваа информација ќе ја израдува нејзината публика во нашата земја која ја очекува со нетрпение долги години…

To top