Музика во Перу

Шакира поради болки откажа концерт: „Во болница сум“

Докторите и советувале да го откаже концертот.

Шакира поради болки откажа концерт: „Во болница сум“

Колумбијската пејачка Шакира заврши во болница поради болки во стомакот за време на светската турнеја „Las Mujeres Ya No Lloran“.

-Жалам што морам да ве известам дека синоќа поради здравствени проблеми морав да отидам на итна помош и сум примена во болница. Докторите ми рекоа дека во моментов не сум во состојба да настапам вечерва, објави пејачката вчера на социјалните мрежи.

Шакира се надева на брзо закрепнување и враќање на сцената за настапо во Лима денеска. Организаторите веќе подготвуваат нов датум за откажаниот концерт.

Instagram / shakira

 

To top