Музика

Почина музичка ѕвезда на поранешна Југославија

Почина музичка ѕвезда на поранешна Југославија

Пејачката Вера Свобода почина во понеделник наутро, на 88-годишна возраст, потврди нејзината ќерка.

Свобода целиот живот го поминала во родниот Осиек, каде ќе биде погребана, пишува Вечерњи лист.

Таа беше една од најголемите музички ѕвезди во Југославија во 70-тите години, а се прослави со народни и староградски песни.

Таа имаше статус на уметник од 1975 година. Со музика се занимава уште од детството и го посетувала музичкото училиште „Фрањо Кухач“ во Осиек. Почнала да пее на 16 години на Радио Осиек и во театарски претстави.

Настапувала во бројни европски и прекуокеански земји за хрватски иселеници.

To top