Ако сте биле на ТикТок изминатиот месец, сигурно сте ја слушнале песната „End of Beginning“, која e вирална на социјалната мрежа.
Тоа е лесна, по малку носталгична песна, која со својот звук со многу синтисајзери ги евоцира осумдесетите.
Песната се слуша во дури 2,2 милиони ТикТок клипови, а благодарение на успехот на апликацијата, песната на изведувачот Џо се искачи на 23-то место на американската табела за синглови во САД.
Она што е помалку познато е дека зад псевдонимот Џо стои актерот Џо Кари, кој се прослави со улогата на Стив Харингтон во серијата „Stranger Things“.
Овој 31-годишник паралелно со актерската кариера се занимава и со музика. Во своите дваесетти објави песни под името Cool Cool Cool, а подоцна стана член на бендот Post Animal. Од 2019 година издава музика како Џо, а во 2022 година го издаде албумот „Decide“ од кој е преземен синглот „End of Beginning“.
-Песната е за враќање на место кое толку многу ти значеше и беше навистина голем дел од твојот живот, но твојот живот продолжи и те однесе на друго место. … Тоа ми се случува кога одам во Чикаго. Тешко ми е да не замислам кој сум, каков ми е животот. Очигледно е носталгична песна – мислам дека звучи прилично носталгично, целата атмосфера во неа, вели Кари за неговиот хит.
Кари ќе се појави во петтата и последна сезона на Stranger Things, која ќе излезе следната година. Во меѓувреме оствари забележителни улоги во серијата „Fargo“ и филмот „Free Guy“, а во интервју за Variety изјави дека напорно работи на нова музика.