Како што веќе и најавивме, организаторот Скајмјузик продукција, регионалниот лидер во организацијата на најголемите музички настани и фестивали, најавува вистински спектакл, а во Скопје веќе се пристигнати и подготвени повеќе од 400 квадратни метри ЛЕД екрани, преку 300 светлосни тела и повеќе од 500 илјaди вати звук, што ќе овозможат неверојатно уживање за сите музички сладокусци.
Почетокот на саботниот концерт (на 10 февруари) е закажан во 20:00 часот, а вратите на спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе бидат отворени од 18:00 часот. Она што треба да го знаат сите кои веќе имаат обезбедено место во салата, а со цел полесно доаѓање до локацијата за која е купена влезница, е дека соодветно ќе бидат означени и обележани сите позиции. Оние другите, пак, кои се уште не го набавиле својот билет, а сакаат да го сторат тоа да побрзаат бидејќи е останат уште ограничен број влезници.
Истите може да се купат преку www.efinity.rs, но и преку бесплатната апликација eFinity, како и преку веб-страницата www.
Дека Розга ќе ја видите во сосема поразлично издание и дека ќе уживате во вистински спектакл доволно зборува тоа што за речиси секоја нумера има посебна кореографија, а секоја песна има своја анимација и специјални ефекти, и тоа почнувајќи од ласери до пиротехника. Бината е уникатна и по обликот и по големината, а посебните писти што влегуваат во партерот нудат уникатна можност оние за оние кои ќе бидат во првите редови.
Јелена Розга на сцената во „Борис Трајковски“, во сабота на 10 февруари, ќе ги отпее своите најголеми хитови, но и песните кои го одбележаа времето кога беше дел од групата Магазин, каде и ја започна кариерата. Затоа подгответе се за вистинско музичко цунами, многу емоции и еден несекојдневен настан што дефинитивно ќе ви разгали сетилата.